Обид за киднапирање на две деца од училиште во Штипско!

Денеска во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско, се случил обид за киднапирање на две деца.

Според првичните информации, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото. Биле спречени од други деца и од персоналот.

Настанот во телефонски разговор за тв Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова.

Таа кратко кажа дека едно од децата кои биле на мета на киднаперите било со македонска, а пак другото со турска националност. Истакна дека моментално полицијата е во училиштето и се работи на расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави