Објавена пресудата на Управниот суд: Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција

Судскиот совет незаконски и без образложение ја разрешил Весна Дамева од претседателската функција, пресуди Управниот суд по тужбата на Дамева, а пресудата ја објави интегрално на својата веб-страница.

„Судот, имајќи ги во предвид наводите на тужителот изнесени во тужбата, одговорот на тужба, како и со увид во списите на предметот, најде дека: Тужбата е дозволена, со истата се оспорува Одлука на Судскиот совет на РСМ, со која е повредено право на тужителот, против која не е дозволено изјавување на редовно правно средство и не е обезбедена правна заштита во друга судска постапка. Исто така тужбата е навремена и поднесена од овластено лице. Тужбата на тужителот е основана“, стои во пресудата на Управниот суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави