Омикрон пристигна и кај нас: Заразен е маж кој допатувал од Велика Британија

View of a Coronavirus Covid-19 background – 3d rendering

Станува збор за лице кое во јануари прележано ковид-19, а потоа и се вакцинирало со две дози „Фајзер“. Пред два дена повторно добил позитивен тест по што е потврдено дека е заразен со омикрон сојот

Денеска е детектиран првиот случај на сојот омикрон во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Сојот е детектиран во лабораторијата на болницата „Жан Митрев“, а заразен е маж кој допатувал во земјава од Велика Британија.

„Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја прележал болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината ‘Фајзер’. По втор пат позитивен тест на ковид-19 има од пред два дена, по што е потврдено дека е сојот омикрон“,

велат од Министерството за здравство.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Total
0
Shares
Поврзани објави