Заев го заддржа флексибилното работно време за администрацијата

Премиерот Зоран Заев не ја потпиша одлуката за ново работно време за јавната администрација. Тоа значи дека останува на сила флексибилното работно време од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30 часот.

„Претседателот на Владата Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата“, соопшти Владата и додава дека прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, после направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата.

Флексибилното работно време беше воведено од први септември 2017 со објаснување дека така ќе се подобрат условите за вработените во јавната администрација и ќе се подобрат услугите кон граѓаните.

Против новото работно време од 8 до 16 часот реагираше и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), кои тврдат дека одлуката е во спротивност со потпишаниот Гранскиот колективен договор каде е утврдено работното време да биде флексибилно.

Total
0
Shares
Поврзани објави