Возачот на автобусот во кој биле заразените од Дебар пак донел патници од Италија

Двајцата патници кај кои вчера беше дијагностицирано со корона вирус се во стабилна состојба. Од друга страна пак, возачот на автобусот со кој од Италија допатуваа двајцата сопружници заразени со корона вирусот, во меѓувреме повторно заминал за Италија, а со нова тура патници веќе се наоѓа на граничниот премин Табановце.

-Возачот на автобусот ќе биде прегледан и тестиран. Направен е целосен увид и ќе се направат прегледи на сите патниици кои влегле во земјата, истакна денеска министерот Филипче.

За потсетување: Сопружниците од Дебар во Македонија допатувале на 27 февруари, а дека се заразени со корона вирус извесно стана дури вчера, кога пријавиле симптоми и добиле позитивни резултати по тестирањето.

Инаку, биле пронајдени се уште девет лица кои биле во близок контакт со болните од Дебар, со што вкупната бројка на лица со кои контактирале засега е 38 и препишана им е домашна изолација и надзор.

Иако првично беше соопштено дека во автобусот имало 40 луѓе, сепак, како што кажа министерот Филипче, со заразените патувале 28 патници и сите се контактирани, извршени се анкети со нив, ќе им биде назначен домашен надзор.

Total
0
Shares
Поврзани објави