Определени мерки за претпазливост за Васев и Нухи, осомничени во случајот со Онкологија

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и поранешниот организациски директор, Нехат Нухи кои се сомничат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама во службата“ во врска со случајот Онкологија.

Додека трае истрагата Васев има забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземена му е патната исправа и има забрана за издавање нова и има забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

Додека, Нехи ги има истите мерки за претпазливост, освен забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

–  Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои: Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, На Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова, стои во соопштението на Кривичен суд Скопје.

Обвинителството претходно информираше дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица, од кои две службени лица – поранешен медицински директор на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје и поранешен организациски директор на Клиниката, како и тројца доктори – онколози.

– Во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека осомничените директори на Клиниката со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста, стои во соопштението од ОЈО Скопје.

За поранешниот директор Васев има сомнение за сторени седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно кривично дело „измама во службата“, а за поранешниот организациски директор, Нухи има сомнение за „измама во службата“.  Тројцата доктори – онколози се сомничат за помагање во „измама во службата“.

Казна за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ според измените на Кривичниот законик е до пет години, додека за „измама во службата“ минимумот е три години, а максимумот 20.

Total
0
Shares
Поврзани објави