Охрид е горд на својот ХЕРОЈ: Марко исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид 

Нешто после 09:30 часот, охридскиот пливачки херој Марко Пејчиновски успеа да го заврши своето десетто и најдолго препливување за ова лето долго неверојатни 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.

Тој го започна подвигот вчера во 11:56:31 часот, а со денешното препливување, Марко ќе го исполни ветувањето дадено на почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 испливани километри.

Бројни охриѓани го пречекаа на Градскот пристаниште, горди на својот Марко, кој подвигот го заврши за време од 21 часа 42 минути.

ohrid news

Total
0
Shares
Поврзани објави