Пет мртви и десетици повредени е билансот од невремето во регионот, меѓу повредените и 12-годишно девојче

Пет мртви и десетици повредени е билансот од незапамтеното невреме кое синоќа го зафати регионот. Невремето кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија зад себе остави пустош, но одзеде и човечки животи.

Во невремето во Хрватска загинаа три лица. Двајца од нив, како што јавуваат медиумите, загинале кога врз нив паднало дрво, а по пад од дрво врз возило загинал и 40-годишен возач.

Десетици други пак, се повредени од кои повеќето потешко.

Невремето што го зафати регионот однесе и една жртва во Словенија.

    Тамошните медиуми јавуваат дека вчера попладнето странски државјанин загинал во Блед. Пожарникари од 432 противпожарни единици се вклучиле во отстранување на последиците од невремето, отстранување на паднати дрвја, електрични и телекомуникациски столбови итн.

    Санирањето на штетите ќе продолжи и денеска.

    Жена загина и во невремето кое го зафати северниот дел на Босна и Херцеговина, а повеќе од 20 лица побарале медицинска помош. Итната помош имала повеќе интервенции поради полесни повреди.

    Откорнати дрвја, паднати кранови, расфелени контејнери, оштетени кровови се само дел од последиците во силното неврме кое синоќа зафати и поголем дел од Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Ваљево, Смедерево.

    Во Нови Сад се повредени две лица, од кои 12-годишно девојче врз кое паднало дрво. Девојчето е пренесено на детско одделение во болница во Нови Сад и е во стабилна состојба.

    Силниот ветер соборил и 74-годишен маж од скутер, кој во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар.

    Штета претрпеле и две основни училишта во Нови Сад. Срушен е кров на спортската сала на едно од училиштата.

      Total
      0
      Shares
      Поврзани објави