Пожарот кај трафостаницата настанал поради искрење на далноводот

Командантот на територијалната противпожарна бригада Скопје, Звонко Томевски, изјави дека пожарот, кој е една од причините што Скопје остана без струја, кај нив бил пријавен во 17:45 часот како пожар во трафостаница во населбата Пинтија. Но, кога пристигнале на местото виделе дека пожарот не е во трафостаницата, туку надвор од неа, а настанал поради искрење на долноводот.

„Во 17:45 часот е добиена дојава за настанат пожар во трафостаница Пинтија. Веднаш беше испратена една екипа од центар Драчево со две возила. Поради сериозноста на самиот објект што претставува за градот, беше испратена дополнителна помош од центар Автокоманда. Со самото пристигнување на лице место видовме дека не станува збор за пожар во трафостаницата, туку надвор од неа поради искрење на далноводот во непосредна близина, беше запожарена површина со сува трева“, изјави Томевски.

Тој раскажува дека пожарникарите побарале да биде исклучено напојувањето со електрична енергија за да го изгаснат пожарот.

„Веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето од далноводите и е пристапено кон гасење. За кратко време пожарот беше локализиран. Останатиот дел беше превентивно, заради повторно пуштање на далноводот, екипите останаа дополнително додека не се воспостави напојување“, вели тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави