Потресно сведоштво: Мртви тела лежеа по холот на болницата во Кочани, меѓу нив ја барав сестра ми

Брат на повредено девојче кое е на возраст од 16 години, за Сител телевизија сведочеше за ужасните моменти кои ги затекнал во болницата во Кочани. Таа била меѓу првите кои излегле од дискотеката, но има сериозни изгореници.

„Јас бев на лице место во болницата, ова беше нешто страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, вели роднина на повредената девојка.

Тој посочи дека вратата на дискотеката, влезот, е мал.

„Тоа е една мала врата, мал пролаз, сигурно не можеле сите да излезат. Видов над 100 повредени во болница, мислам ни еден клинички центар не може да прими толкава бројка“, вели родинината.

Според последите информации повредени лица се примаат и во приватните клиники Жан Митрев и Систина,

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Жител од Мешеишта до британската амбасадорка: Ќе биде нападната со огнено оружје – ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои ос…