Почина дресерот Ристе од Велес, неговата последна порака од болница е до оние кое не веруваат во вакцина и ковид

Во велешката болница на инфективното одделение утринава на 54-годишна возраст по чина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот за кучиња Гиовски тим.

Ристе Гиовски и беше познат не само на велешката, туку и на македонската јавност како еден од најдобрите дресери на кучиња.

Гиовски пред десетина дена на својот фејсбук профил објави дека се заразил со Ковид-19 и дека е хоспитализиран во велешката болница.

Тогаш тој емотивно се огласи со статус во кој што напиша:

До сите мои фб пријатели антиваксери и оние кои велат дека ковидот е лага и не постои. Епа мои пријатели моментално сум во ковид центарот во Велес и не има неколкумина само за среќа ама не сме знаеле дека нема ковид. Па не знаеме од што лежиме зошто се препотуваме по неколку пати на ден зошто не болат коските мускулите половината,главата зошто понекогаш повраќаме и имаме висока температура. Па некои се прават мангупи ставаат маски и нон стоп се под кислород. Па да се организирате бидеејки Велес е во центарот на Македонија да не посеттите и да дојдете тука, а ние ќе излеземе ќе ве пречекаме како што е редот. Ќе се изгушкаме ако треба и ќе се избациме се разбира без маски што има таа да не раздвојуваа. Дел од вас ќе внесеме во ковид центарот ќе ве прошетаме ќе го видите нашиот културно забавен живот. Ќе ве послужиме со сокче, водичка овошје, ќе ве запознаеме со овие убициве космонаутиве и како веќе ги нарекувате и ќе видите колку се глупи оти нон стоп трчаат негде по собите. Ако викнеш сестро одма доаѓаат не можеш да слушнеш ,,пауза“ или пак да ги видиш да седат кафе да пијат и кога ќе дојдат над тебе за инфузија или слично ќе слушнеш дека едвај дишат, дури полошо од нас заболените. После тоа ќе ве испратиме како што доликува и ние ќе продолжиме да си играме ковид центар убициве ќе не лечат. Ние ќе си лежиме оти друга работа немаме. Многу ќе ни значи Вашето присуство еве во недела ве очекуваме.

Total
0
Shares
Поврзани објави