Почина ортопедот хирург д-р Тодор Ношпал

Ортопедот хирург д-р Тодор Ношпал почина денеска во Скопје на 60-годишна возраст.

Ношпал долги години работеше во Клиниката за ортопедија каде извршуваше повеќе раководни функции.

Поради наводно кршење на работна дисциплина, кога во 2012-та откри проблем на пациентка која поради бирократски процедури не добиваше ортопедско помагало, д-р Ношпал беше отпуштен од државната клиника.

На суд победи, но продолжи надвор пд јавното здравство во приватните болници, а пред две години самостојно започна со приватна пракса.

Во кариерата има извршено над 7 илјади ортопедски оперативни зафати, од кои најголем дел на колк или на колено.

Семејството, пријателите, колегите и неговите пациенти се простуваат од д-р Ношпал на социјалните мрежи.

На ланските избори како кандидат на Интегра се бореше за градоначалничката функција на Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави