Прва целосна трансплантација на око во светот

Тим хирурзи во Њујорк ја изврши првата трансплантација на цело око во светот. Процедурата нашироко е поздравена како медицински напредок, иако сè уште е неизвесно дали човекот ќе прогледа преку донираното око.

Револуционерната операција вклучуваше отстранување на дел од лицето и целото лево око, заедно со крвните садови и нервите и нивно пресадување во главата на еден работник од Арканзас кој преживеал електричен удар во јуни 2021 година.

Трансплантацијата на цело око долго време е свет грал на медицинската наука, и иако истражувачите имаа одреден успех кај животните – каде што делумно го вратија видот, никогаш досега не било извршено кај човек.

„Тоа е непозната територија, но ние со нетрпение го очекуваме резултатот“, изјави  Едуардо Родригез, кој ја водеше операцијата.

„Трансплантираното лево око изгледа многу здраво“, рече ретиналниот офталмолог Ваидехи Деданија. Има добро снабдување со крв, го одржува притисокот и генерира електричен сигнал, иако Џејмс сè уште не може да гледа. „Но, имаме многу надеж“, додаде таа.

Даниел Пелаез од Институтот за очи Баском Палмер на Универзитетот во Мајами, кој исто така работи со тимот, рече:

„Трансплантацијата на човечко око претставува клучен момент во нашата заедничка потрага да го вратиме видот и нуди надеж за безброј поединци ширум светот“.

Со оглед на времето што помина од операцијата, Вашингтон рече дека не смета дека е веројатно окото на Џејмс да го врати видот, но „Никогаш не велам дека нешто е невозможно“, додаде таа.

Тимот од NYU Langone рече дека користеле матични клетки добиени од коскената срцевина за да промовираат регенерација на нервите.

Постигнувањето на целта за реставрација на видот би можело да вклучи и други најсовремени пристапи, вклучително и генска терапија за поттикнување на способноста на оптичкиот нерв да заздравува; користење на уред наречен нервна обвивка за заштита на ткивото и слично.

„Постигнуваме голем напредок во третманите за промовирање на регенерација на оптичкиот нерв што може да ја придружува трансплантацијата на окото“, изјави  Џефри Голдберг, кој води слични напори во Институтот за очи „Бајерс“, на Универзитетот Стенфорд.

„Овие дополнителни терапии ќе му овозможат на донаторското око значително да се поврзе со мозокот и да ја врати значајната визуелна функција на слепите пациенти насекаде“, додаваат научниците.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

5 милијарди казна за Facebook

Американските регулатори му изрекоа рекордна казна од пет милијарди долари на Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните…