Путин: Ако НАТО распореди воени трупи во Финска и Шведска, ќе одговориме исто

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Русија ќе одговори ако НАТО распореди трупи и инфраструктура во Финска и Шведска, по влезот на земјите во Алијансата.

„Со Шведска и Финска ги немаме проблемите кои ги имаме со Украина. Ако сакаат да се приклучат во НАТО, само напред! Но, тие мора да разберат дека претходно немало закана, додека сега, ако таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ние ќе мораме да одговориме на ист начин и да ги создадеме истите закани за териториите од кои се создаваат закани кон нас“, кажа Путин при посетата на Туркменистан.

Според Путин неизбежно е нарушување на односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм поради нивното членство во НАТО.

Total
0
Shares
Поврзани објави