САМОИЛ БИЛ ПРЕФРЛЕН ВО УКРАДЕН АВТОМОБИЛ: Брат му го пријавил неговото исчезнување, телефонот му е исклучен

И по неколку дена се уште нема никакви информации за исчезнатиот скопјанец, Самоил Костадиновски, на кого вујко му е политичарот Љубе Бошкоски, односно Самоил е дете од брат на неговата сопруга Виолета. Таа во изјава за ММС.мк изјави дека наводно Костадин од еден автомобил бил префрлен во украдено возило кај чешката амбасада.

– Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен – вели Бошковска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.

Извори запознати со истрагата за Фокус велат дека се превземаат активности од страна на СВР Скопје и дека неговот исчезнување го пријавил брат му.

-Се работи на случајот и нема место за шпекулации – велат извори од МВР за Фокус, запознати со истрагата.

-Пријавата за исчезнато лице беше како и повеќето други пријави, значи братот на момчето изјави дека Самоил не се вратил дома, дека телефонот му е исклучен, даде негов опис и сите останати детали кои се потребни за истрагата.ФОТО: ФБ

Total
0
Shares
Поврзани објави