Слобода за татко ми кој спаси 6 животи !!!- бара семејството на мажот кој го уби зетот во Битола

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода. Нему денес му е определена мерка притвор од 30 дена, а синот повика на мирен протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Битола

Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ТАТКО кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам утре на ден 23.02.2022 г. во 12:00ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот ТАТКО и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест.Протестот е уредно пријавен во Полиција. Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите! Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо

Total
0
Shares
Поврзани објави