Суспендирани вработени во затворот „Идризово“ поради ископаниот тунел

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски тврди дека биле суспендирани вработени во казнено-поправната установа поради ископаниот тунел.

-Има суспендирани, но не можам да кажам за колку вработени станува збор и други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот, кажа Јовановски.

Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а МВР соопшти дека за него дознале два месеци претходно.

Во копањето учествувале најмалку осум затвореници осудени за сериозни кривични дела.

Total
0
Shares
Поврзани објави