Убиен водачот на навивачите на фудбалскиот клуб Партизан – убиецот професионалец

Бранислав Бане Пенчиќ, поранешниот водач на навивачката група Хед Хантерс на ФК Партизан убиен е со пиштол со пригушувач од засега кога го паркирал својот автомобил пред куќата во која живеел со семејството.

Според информациите од српските медиуми, иако првично се сомневало дека Пенчиќ е убиен од снајперски истрел, полицијата на лице место пронашла чаури кои биле од пиштол со пригушувач користен во моментот кога бил застрелан Пенчиќ.

-Убиецот го чекал во заседа, а кога го видел Пенчиќ како го паркира автомобилот, излегол и го застрелал во градите. Потоа побегнал – велат извори од истрагата.

Сведок на трагедијата е и сопругата на убиениот, која поминала неповредена, а како што рекле соседите, ја затекнале како клечела на колена пред сопругот и вика помош.

– Во тој момент излегоа многу соседи и се собраа околу нив. Мислев дека човекот имал срцев удар.  Таа му зборувала обидувајќи се да го освести – раскажува соседка.

Според неа, брзата помош пристигнала за неколку минути и во болница го пренела ранетиот Пенчиќ, инаку поранешен водач на навивачката група на Партизан „Ловци на глави“. Неговата сопруга отишла со нив.

-Се врати подоцна, кога пристигна полиција, а јас ја видов моментот кога зборуваше на телефон. Падна на колена и почнала да плаче, веројатно тоа бил моментот кога и рекле дека умрел – вели таа.

Соседите велат дека не го познавале добро Пенчиќ, а некои се плашеле од него и избегнувале контакт со него. Сите се преплашени бидејќи убиството се случило среде бел ден.

– Не ги познавам, но верувам дека тој бил опасен човек штом бил убиен на тој начин – велат преплашените соседи.

Ова не е првпат да биде мета на напаѓач. Имено, тој за прв пат беше ранет во 2016 година на автобуската станица во Обреновац. До 2013 година беше предводник на фановите на групата „Хантерс“, која дотогаш важеше за сериозна група во навивачкиот свет.

– Непознато лице околу 16.10 часот на автобуската станица во Обреновац испукало два до три истрели од огнено оружје кон маж на околу 35 години и му нанел прострелна рана во коленото – соопшти Бирото за внатрешни работи во тоа време.

Во период од седум години против него се поднесени над 12 кривични пријави за кривични дела насилничко однесување, киднапирање, неовластено држење и пуштање во промет на наркотици, напад на службено лице, кражба.

Една од нив е поднесена затоа што во 2008 година на булеварот „Војводе Мишиќ“ запирал автомобили со група навивачи, што го прекинало сообраќајот, а потоа излегол од автомобилот, уринирал на улица и ги навредувал патниците на станицата – се наведува во извештајот.

Една година претходно тој беше осомничен дека продавал дрога на територијата на Обреновац.

Тој во 2008 година бил осуден на 10 месеци затвор за делото од 2007 година, спречување службени лица во вршење на службена должност, но Окружниот суд ја укинал првостепената пресуда.

Total
0
Shares
Поврзани објави