Украинка го искачи Монт Еверест и го развиори знамето како симбол на непобедливоста

Украинка се искачи на Монт Еверест и испрати силна порака до светот дека знамето треба да се вее како симбол на непобедливоста. 

Станува збор за Антонина Самоилова која оваа недела се искачила на Монт Еверест во склоп на експедицијата чија цел била да се покаже „непобедливоста на украинскиот дух“.

„Војната ги уништи соништата на милиони луѓе. За некои сонот беше да се искачат на Еверест, но тоа нема да се случи во 2022 година“, напишала Самоилова на Инстаграм.

Таа вели дека украинското знаме треба да се вее на врвот на највисоката планина на светот, особено оваа година.  Денеска е 81-от ден откако Русија ја нападна Украина и војната уште трае. Неколку милиони Украинци беа принудени да ја напуштат земјата. 

фото Инстаграм

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Промените на Сонцето во последните 10 години прикажани во 61 минутен филм изработен од фотографии снимени од опсерваторијата на НАСА

.Америкнската вселенска агенција НАСА објави едночасовен филлм од споени фотографии од Сонцетото собирани изминатите десет години. Овие фотографии…