Фанцузите денеска избираат претседател – Макрон фаворит

Французите денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори.

Актуелниот претседател Емануел Макрон е фаворит во анкетите. Но, неговата предвидена маргина на победа е многу помала отколку кога беше избран во 2017 година, а тој се соочува и со жестока конкуренција од Марин Ле Пен од крајната десница.

Ако победи, Макрон ќе биде првиот француски претседател по Жак Ширак во 2002 година кој освоил втор мандат.

Анкетите покажуваат дека многумина не се сигурни за кого да гласаат, а излезноста би можела да биде многу помала од вообичаеното, што дополнително ја зголемува неизвесноста. Гласачите се незадоволни од економската политика на Макрон, но невработеноста е на најниско ниво во последните години и испитаниците не мислат дека некој од неговите противници би поминал подобрo.

Победникот на изборите во Франција ќе треба да се справи со прашањето за руската инвазија на Украина и последиците за цела Европа. Сега кога Британија ја напушти ЕУ, Франција е главната воена сила на блокот.

По првиот круг од изборите денеска, во вториот круг ќе одат двајца кандидати со најмногу гласови.

Новиот претседател ќе ја преземе функцијата најдоцна до 13 мај.

Total
0
Shares
Related Posts