Фатиме Фетаи испратила мејл декa се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство

Поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, испратила мејл декa се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство.

Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ потврдил дела примиле имејл со известување за повлекување на кандидатурата на вишата обвинителка.

Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност дека таа го испратила известувањето.

Изборот за шеф на вишото обвинителство е одложен за 21 ноември. Во трката сега остануваат актуелниот шеф, Мустафа Хајрулахи, и вишиот обвинител Бурим Рустем.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…