Чамец сместен во населбата Лагадин на самиот брег на Охридското езеро веќе подолго време му е дом на повозрасен граѓанин.
Тој тврди дека овде живее веќе 35 години. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец.
Поради здравствени проблеми и скрш ена нога, денеска не можеше да излезе од чамецот. Кажа само дека нема храна, лекови и дека вода пие од езерото.
„Немам пари, ги изгубив сите документи, а ногата ми е скршена“, вели овој бездомник пред камерите на Алфа телевизија.
– Зима овде живеа под чамецот. Храна ми донесува еден човек и од некој други хумани граѓани добива, а вода пијам од езерото.

– Од пари имам само два денари, дојде Брзата Помош ми помогна и ми даде терапија околу ногата па ќе видиме што ќе биде.
За Алсат телвизија пак овој човек вели дека имал работено во Америка, но оти останал без сите документи, а како бездомник живее долго

„Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено документите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне….“, вели бездомникот.
Од Брзата помош во Охрид велат дека примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош.
Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повреден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска и му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трауатологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција.

Станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кризи.