Цела ноќ претреси во Врховен, судијата бил следен и прислушкуван со денови

Истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција цела ноќ вршеле претреси во зградата на Врховниот суд. Ги посетиле и локациите каде што врховниот судија Наќе Георгиев имал недвижен имот. Потврда добивме дека претреси се направени и во Струмица, градот од каде што доаѓа судијата.

Од досега познатото, судијата е фатен со 10 илјади евра обележани пари, сомнежот е дека судијата Георгиев ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана.

Георгиев извесен период бил следен и прислушкуван по надлог на Кривичен суд, а барање на Обвинителството за посебни истражни мерки.

Според сознанија, на СДК.мк претседателката на Врховниот суд Беса Адеми како раководно и одговорно лице ја примила малата армија од истражители и седела во својата канцеларија додека тие не си заминале од канцеларијата на уапсениот колега.

Синоќа на полноќ се одржа седница на Советот на јавни обвинители, каде беше симнат имунитетот на судијата и беше дозволен притворот кој го бараше Обвинителството.

Total
0
Shares
Related Posts