Ципрас поднесе оставка од лидер на Сириза

Алексис Ципрас поднесе оставка од функцијата претседател на грчката опозициска партија Сириза, по претрпениот пораз на парламентарните избори во неделата.

„Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача Ципрас на 29 јуни по состанокот на извршната канцеларија.

Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во Сириза.

Грчката опозициска партија претрпе голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција.

На првите избори во мај, СИРИЗА доби 20 од гласовите, двојно помалку од Нова демократија. А на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии , оти левичарската партија освои 17,83 проценти.

Алексис Ципрас 15 години ја водеше партијата, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година, додека Сириза беше на власт, беше премиер на Грција.

Ципрас и е познат на македонската јавност, оти во 2018 година, за време на неговото владеење беше потпишан Преспанскиот договор со кој Македонија го смени името во Северна Македонија, а Грција ја тргна блокадата за членство на земјава во НАТО.

Total
0
Shares
Поврзани објави