Ѓоковиќ останува во карантин – Во понеделник ќе биде донесена одлуката дали ќе игра на АО

Дали најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе добие виза за влез во Австралија ќе биде познато во понеделник. Одлуката ќе биде донесена во понеделник во 10 часот по локално време, односно околу полноќ по средно-европско време.

Министерката за внатрешни работи, Керен Ендрјуз, нема да се противи на привремената забрана за депортација, што значи дека Ѓоковиќ одлуката ќе ја дознае во Австралија. Освојувачот на 20 гренд-слем титули ќе биде во карантин до носењето на одлуката.

Ѓоковиќ ќе се појави пред Федералниот суд, откако неговите адвокати поднеле жалба на одлуката да му биде поништена визата за влез во Австралија.

Ѓоковиќ се наоѓа во хотелот „Парк Ројал“ во кој се сместени мигранти.

Пред хотелот се собрани негови навивачи кои му пружаат поддршка.

Total
0
Shares
Поврзани објави