14 судски полицијаци обезбедуваат два суда и над 250 судења на ден, синдикатот на Кривичен бара специјален статус за вработените

Синдикатот на вработените во Кривичен суд ќе бара од надлежните институции посебен статус за нивната работа. Сложеноста, обемноста и опасноста како вработени во овој суд ги издвојува од суте судови во државата затоа ќе бараат и посебни услови за нивната работа и плата. Тие детално објаснуваат дека 14 полицајци обезбедуваат два суда по потреба и судења во уште други два , поминуваат стотици странки на ден , се судат тешки предмети кои долго траат со многу луѓе во судница, останатите вработени исто така се пренатрупани си предмети. Во прилог барањето кое ќе биде доставено до институциите.
“Специјален статус на вработените во Основен суд 1 Скопје поради посебноста на нашиот судски систем како суд со општа надлежност и со проширена надлежност. Во составот на судот фактички функционираат два засебни суда и тоа Кривичен суд со надлежност за кривична материја во град Скопје и Одделението за организиран криминал кој фактички функционира како друг посебен суд во склоп на Основен суд 1 Скопје и се состои од , посебни судии за организиран криминал, дактилографки со положен сертификат, посебен кривичен совет и посебно одделение за организиран криминал.
Заедничко им се само работењето на судската полиција.
На овој оддел надлежноста се проширува на целата територија на државата кога имаме дела од организиран криминал и дела кои се вперени против уставниот и правниот поредок на Македонија. Посебноста се состои во следното :
Во Основниот суд 1 Скопје во дваесет судници дневно се поцесуираат преку 250 судења, во судот за една година според бројчаникот на детекторот на врата на влезот во судот има влезено 251927 странки по разни основи, тука не се вклучени дисперзираните судења во салите на Апелациониот суд и Врховниот суд кои ние по потреба ги користиме.
Во Основниот суд во Скопје во кривичниот оддел годишно се процесуираат повеќе од 16000 рочишта , а во одделот за организиран криминал имало 1641 рочите кои се водат под работни наслови Монструм, Сопот, Детонатор, Диригент, Шпион, Филтер, Коридор, Фаланга 1 и 2 Керозин, Виза, Милка 1 и 2, Змислко око 1 и 2 , Калабрија и многу други предмети со надлежност на целата територија на Македонија.
Вкупно влезени станки во судот во кривиниот и одделот за организиран криниал по разни основи од 2014 до 2017 година изнесува преку 1 милион.
Поради сето ова кажано :
Преголем број на странки , видот и природата на делата кои се работат во овој суд , специфичнoста и сложеноста на работните задачи , изложеност на висок степен на ризик во судот, надлежноста во однос на делата било каде да се случат на територија на РМ . Заради сето ова бараме спедијален статус на основен суд Скопје 1 во судскиот систем на РМ.
Подобар статус на вработените, подобри услови за работа бенефиции, зголемени плати”.

Фотографијата е сопственост на фоторепортерот Наќе Батев

Total
0
Shares
Поврзани објави