18 години затвор за полицаецот од Битола

Основниот суд во Прилеп го осуди на 18 години затворска казна битолскиот полицаец Енвер Тоска, за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир.

25-годишниот Тоска вчера на првото рочиште од судскиот процес против него, го призна делото и изрази жалење до семејството на жртвата.

Тој е осуден дека на 14 септември минатата година го убил Бекир и го запалил неговото тело за да ги скрие доказите. Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело е од 10 години до доживотен затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави