Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви – Имаше и експлозии од боците со кислород во собите

Во пожарот кој избувна околу 21 часот, според она што може да се види на терен, целосно изгоре модуларната болница во Тетово која е дел од ковид-центарот.

Во пожарот има и жртви, потврди Министерството за здравство, но точниот број на загинати се уште се утврдува.

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се кај модуларната ковид болница во Клиничкиот центар во Тетово.

Има жртви во пожарот, но не би можел да го кажам нивниот број, изјави пред малку вториот човек на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски за Алсат-М. Во продолжение го пренесуваме целиот разговор со новинарот на националната телевизија.

„Значи, во 21 часот и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во медицинскиот центар во Тетово. Екипите, за 3-4 минути, нема повеќе, се пристигнати на лице место. Со околу 7 возила и над 30 пожарникари е учествувано од двете страни. Кога се екипите пристигнати беше целото во пламен. Значи тоа е внатрешно (почнато), не е надворешно значи. Се што е од наша страна е употребено. 21 и 30 е локализиран пожарот. Во 21 и 45 е ликвидиран компелтно

– Дали имаше жртви?

Да, да. Додека се гасеше пожарот, значи пламените јазици беа огромни бидејќи модуларна е болницата, има пластика. Се вадеа и жртви додека се гасеше.

Отприлика колку жртви имаше?

Не можеме да знаеме. Не можеме, се уште немаме евиденција колку се, што се.

Дали е се исчистено, бидејќи гледаме уште се вадат…

Не, не. Мислам дека има уште една жртва. Најверојатно е и почината. Се чека екипа. Значи пожарот е ликвидиран моментално. Од наша страна е употребено се.

Од вашето искуство од што беше пожарот?

Се уште има служби што работат кои треба да утврдат, ние не можеме да даваме такви информации.

За речиси половина час, повеќе од 30 пожарникари кои интервенирале со седум возила го изгаснале пожарот што избувна вечерва во Ковид центарот во Тетово.

– Имаше и експлозии од боците со кислород во собите, пламените јазици беа огромни. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ЦУК: Зголемен број повици на 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112…