Пожарот во Битола локализиран – почнал од кровот

По четири часа, локализиран е пожарот што попладнево избувна во старата административна зграда на поранешната фабрика за леб „Жито Битола“. Сепак, пожарникарите наизменично ќе дежураат ноќва, додека целосно не се изгасне огнот.

Во гасење на пожарот кој беше пријавен попладнево во 17.20 часот, учествуваа 27 пожарникари со 9 возила.

Повредени нема, но причинета е голема материјална штета.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претходно соопшти дека двајца работници успеале да го напуштат објектот каде сега стопанисува фирмата „Ангро механизација – Жито Битола“ и во чиј состав има пекара, млин и силос.

Коњановски ја известил централната власт, а побара помош и од околните градови за гасење на огнот.

Првичните информации се дека пожарот настанал на кровот на стариот објект, кој целосно е изгорен.

фото: Dosie.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави