32-годишен пациент од Кавадарци и 38-годишен пациент од Велес починаа од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица.

Шест починати лица се од Скопје на возраст од 52 години, 66 години, 78 години, 79 години, 88 години и 91 година, пет починати лица од Битола на 59 години, 69 години, 79 години, 80 години и 86 години, две починати лица од Велес на 38 и 72 години и по едно починато лице од Штип на 71 година, Пробиштип на 89 години, Кавадарци на 32 години, Кочани на 66 години, Гевгелија на 58 години и Македонска Каменица на 65 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Total
20
Shares
Поврзани објави