40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски

Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој  информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.

Палевски е приведен во Турција по распишана потерница. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави