Снимка на бугарска телевизија – Што зборувале пилотот и контрола налетање

Пилотска грешка или проблем со моторот е причината за трагедијата на семејството Бошнаков кое загина вчера кога авионот во кој се возеле се урнал на пет километри северозападно од Солунска Глава, објавуваат бугарските медиуми. Во несреќата загинаа бизнисменот и неговата сопруга и двете ќерки,

Според днес.бг, која емитуваше видео од телевизијата Bulgaria ON AIR, која емитуваше аудио снимка од разговорот меѓу пилотот и контролата на летање, грешката најверојатно е на пилотот Георги Бошнаков.

Главниот асистент по Безбедност на летовите од Техничкиот факултет во Софија, Марин Петров објасни дека според правилата на Бугарската Агенција за цивилно воздухопловство, Бошнаков имал аматерска лиценца да пилотира мали авиони, а таква лиценца се стекнувала по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.

Петров беше категоричен дека во авионот одговорноста е пилотот, а од конторлата на летот можат да даваат информации или да ги советуваат.

-За мене турболенцијата не е нешто што треба да го присили да слезе под нивото на врвовите. Поверојатно е да имало проблем со моторот, а може да дошло и до замрзнување на управувањето, рекол експертот.

Од екслузивната снимка може да се чуе како контролорот го прашува Бошнаков дали се уште има турбуленции, но тој вели дека нема, но има голем облак низ чиј процеп има визуелен контакт со земјата, но облакот му прави проблем. Комуникацијата прво се одвива на англиски јазик.

целата емисија тука

 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Попладне пороен дожд

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Попладне се очекува да…