– За време на нападот новинарка постојано снимаше. Зборуваше со еден од напаѓачите со фантомка на глава. Од нејзината снимка може да се види целиот напад, кажа Зијадин Села лидерот на Алијанса на Албанците , прв пат говорјќи за настаните од 27 април кога беше претепан во Собранието . Во судница пред обвинети за неговото тепање односн за обид за убиство, зборуваше во детали откривајќи дека пратеник од ДУИ и од Алијансата го заштитувале но откако се тргнале целото обезбедување било насочено да го одбрани Зоран Заев. Бил удрен со монитор, сталак за знаме и други предмети. Се обидел да ја заштити главата со рацете. Паднал на колена и изгубил свест. Успеал да види дека напаѓачите биле дел маскирани еден со брада , а еден со кожно елече. Токму по ваквиот опис се препознаваат оние кои се обвинети за тепањто и тоа по препознавање од видео материјали од настаните. Во судницата Села не препозна никој од обвинетите, оти ниту ги знае, ниту ги познава ниту се сеќава кој тепал.
– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец. токму овој припадник на обезбедувањето е едел од групата осомничени за тероризам за настаните кога Села беше крвнички натепан.
Поврзани објави
Русковска: Никола Груевски осомничен за главен организатор на крвавиот четврток
Од давање наредба за предистражна постапка од крајот на ноември до денес се работеше на откривање на организаторите…
Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене
По вчерашното сведочење на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Плацеви на Водно“ на Фејсбук се огласи…
МВР од денес со меѓународна потерница по осуденикот кој сакаше да го убие Села
Министерството за внатрешни работи, денеска распиша меѓународна потерница за Никоја Војминовски, главниот осомничен за нападот на претседателот на…
Условни казни и ослободителна пресуда за пожарот во Тетово
Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми добија условни казни…