АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ: РАШКОВСКИ ОД ЗАТВОРСКИ ОДИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР


Експресна одлука на Апелација – Драги Рашковски од Шутка заминува во куќен притвор. Од судот за ТВ24 велат – Советот не ја прифатил гаранцијата, туку се одлучил за куќен притвор, бидејќи постои основан страв дека може да се уништат траги на кривичното дело, или Рашковски да ја попречува истрагата.  

„Притворот за Рашковски е определен по член 165 став 1 точка 1 и 2. Жалбата на решението за притвор е со гаранција. Бидејќи нашиот Совет оценил дека се уште постои точката 2, поради која е определена мерка притвор, а точка 2 се состои во постоење основан страв дека може да се уништат трагите на кривичното дело, или кога постојат околности што укажуваат дека обвинетиот може да ја попречува истрагата, значи кога постои тој основ тогаш мерката притвор не може да се замени со гаранција.“  – Апелација.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковскипонуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор, за што Вишото јавно обвинителство, даде позитивно мислење – но последниот збор во случајот го имаше Апелација, која се одлучи за куќен притвор. 

Драги Рашковски е осомничен за набавка на софтвери. Според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави