Собрани се 14 тони кабаст отпад во акцијата која ја организиравме вчера, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје. Ги чистевме улиците и ги уредувавме јавните површини на целата територија на општината. Продолжуваме со редовните активности и воедно апелираме до граѓаните правилно да го одложуваат отпадот. Хигиената на јавните површини и заштита на животната средина се наш заеднички приоритет.
– Саша Богдановиќ, Градоначалник на Општина Центар


