СЈО отвора истрага наречена “Актор” за изградба на патната делница Демир Капија – Смоквица. Во случајот осомничени се Никола Груевски како поранешен премиер и Миле Јанакиески како поранешен министер и други лица. Осомничените се договориле да го фаворизираат грчкиот Актор за изградба на делницата и му овозмозиле заработка од над 7 милиони евра. Според СЈО Груевски побарал да не помине понудата на италијанска фирма оти биле блиски со комуњарите. Потоа биле викнати членовите на комисијата за да го фавориризират “Aктор”.
Но тука не застанала процедурата на како што открива СЈО перење пари. Од 2012 до 2016 по добивање на тендерот и почнување на градежните работи за да ја скрие добивката од незаконскиот тендер, била формирана група луѓе за перење пари. Шестмина од групата пуштиле во промет пари кои знаеле дека се од кривично дело. Направиле Договор за подизведувачки работи со други фирми за пренос на пари кон други фирми, и тоа над 31 милиони евра. Потоа на вработените им биле давани договори и пари во енормни суми и тоа на 10 лица им биле исплатени над милион евра. Парите веднаш по исплатата биле подигнати во готовина и ги давале на една од осомничените во предметот.
Поврзани објави
Вработените во јавниот сектор ќе мора да се пензионираат на 64 години
По Нова година во земјава ќе има нови 10.000 пензионери. Со најавени измени во законот, од 01 01…
Мијалков за Амди Бајрам: Беше легенда 102,3%
Драг пријателе, Беше легенда 102,3%! Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен на јавната сцена.…
Уапсени двајца мажи и жена со 64 пакувања кокаин
МВР информира дека околу еден часот после полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар лишиле од слобода…
Европската Комисија не го прифати барањето на Бујар Османи да се дозволи увоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ
Европската Комисија не ги прифаќа барањата за земјите од Западен Балкан привремено да ја отстрани авторизација на извоз…