Сите ние сме Вие

Пишува: Кристина Мачкиќ

Одамна сум кажала за во кафеана сите сме другари. Лесно е да се радуваш, пееш, пиеш… Но во животот доаѓаат моменти кога на маката ќе си ги преброите пријателите.

Така и вечерва ја видов хуманоста на дело. Некои луѓе едноставно живеат дење ноќе за да помогнат. На ближниот , на пријателот, на познаникот. Акцијата СИТЕ ЗА ДРУГАРОТ организирана од активистката Мери Николова Буџаку , луѓето кои се собраа и помогнаа кој колку може и како знае и умее само ме убеди дека околу нас има луѓе кои и парчето леб ќе го споделат.

Успешната акција ќе донесе зрно помош на едно семејство кое се соочува со премрежие. Но тоа семејство не е само, со него сме сите ние и ете така полека свесно несвесно стануваме семејство. Оваа акција не е само помош на оној начин на кој ќе се помогне , тоа е подадено срце и порака која вреди многу повеќе од сите пари на светот – СИТЕ НИЕ СМЕ ВИЕ !

Сите ние кој со збор, кој без збор со поглед , кој со тивок поздрав наполнија нечие срце и дадоа надеж. Пораката која секој од нас наутро навечер треба да си ја повтори е дека без секој се може од оние кои на социјалните мрежи ни го управуваат животот, без оние кои од белите палати со политиката ни ја управуваат иднината , НО без едно не се може – хуманите , големи срца кои и покрај тешкото секојдневие имаат време да бидат тука за нас, за вас , за сите нас во минутата која најмногу се потребни.

ПОСВЕТЕНО !

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Ова не е наша Ката, Цанде пали го фиќото

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………… и така бомбите на СЈО станаа неупотребливи. На точките од претходно се знае што би пишувало да…
Повеќе

Шут гооол

До менаџерот било не до квалитетот. Така денеска се избра претседател на судот. Честитки до фубалерот па како…