Врз основа на пријава од граѓани, на 26 април 2018 година, 4 вработени од Подрачното одделение за заштита и спасување од Струмица, во атарот на с. Богородица, општина Гевгелија, извадија неексплодирани убојни средства ( НУС) и тоа 193 артилериски зрна калибар 120mm, останати од 1. светска војна.
Исто така, во близина на браната “Паљурци” извадена е 1 граната калибар 205mm, исто така од 1. светска војна.
Вкупна тежина на пронајдените НУС е околу 2700 kg.
Акцијата е реализирана во период од 08.00 -18.00 часот.
Дирекцијата за заштита и спасување продолжува активно да ги спроведува своите надлежности, во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија.
Поврзани објави
Човечки труп во Вардар кај Комплекс банки во Скопје
Труп на удавен човек лежи во водите на Вардар под мостот во близина на комплексот банки. Екипи на…
Ексклузивно ФОТО: Во пожар пеплосани 20 автомобили во Скопје
Пожарот што попладнево избувна во Лисиче го гасеа четири возила со 11 пожарникари. Од Територијалната противпожарна бригада на…
МВР го стави Груевски на листата потерници
Полицијата пред малку на сајтот на кој има посебен дел каде се ставени слики и објави за лица…
ФОТО : Ќосето штрајкува со глад, објавени фотографии од ќелијата во Шутка
На ФБ профилот на Горан Ангелов Ќосето, еден од обвинетите за настаните на 27 април во Собранието осамнаа…