Во Кривичниот суд денеска требаше да сведочи пратеникот Влатко Ѓорчев во врска со настанаите на 27 април односно моментите кога беше нападнат и тепан пратеникот Зијадин Села. Но судијата појасни дека Ѓорчен немал уредна покана и затоа неговото сведочење ќе се слушне друг ден. Во судницата требаше да биде и Зоран Заев, но тој испратил оправдување дека поради претходно договорени важни состаноци не е во можност да присуствува на судењето.
Судот нив ќе им испрати повторно покани, а за денеска ќе продолжи со јавно презентирање на видео материјали на кои се гледаат моментите кога Села енападнат влечен по земја целиот облеан во крв.
За овој случај обвинети се: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.
Заев и Ѓорчев не дојдоа да сведочат за обидот за убиство на Села

