НАЈНОВА ВЕСТ: Горат куќи во Велес !

Горат неколку куќи вечерва во Велес. Голем пожар над автобуската станица. Горат куќи во комплексот од стара велешка архитектура познат меѓу велешани како Варналиите и аптека.

Според првичните инфомации од Скопје е пуштена екипа да помага во гаснењето на пожарот. Информацијата и барањето за помош во гаснењето во Скопје стигнало пред половина час , а пожарот неофицијално почнал половина час пред полноќ.

Информацијата пред неколку минути ја сподели и потврди скопската пожарна.

Во моментов имаме голем пожар во Град Велес запалени се повеќе куќи над Автобуската Станица Велес
БППЗ-Град Скопје прати помош од 3 возила за Град Велес во борба со огнената стихија

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…