Коронавирусот брзано се шири низ светот и носи паника помеѓу луѓето, а на најголем удар се лекарите во Кина. Неколку фотографии од докторите се доказ колку нивната работа е тешка и напорна.
На социјалните мрежи кружат фотографии од исцрпен кинески медицински персонал кој од избивањето на коронавирусот е на нозе и на раб на сила.

Ситуацијата во Вухан, епицентарот на епидемијата, е пеколна, а иако во градот е изградена и болница во експресен рок, факт е дека кинеските лекари и персоналот имаат “полни раце” работа.
Фотографиите потекнуваат од провинцијата Хубеј, каде лекарите се постојано на нозе. Како што велат тие, спијат на столчињата и подовите од ходниците во кратки паузи помеѓу смените. Велат дека се толку зафатени со работа што немаат време ни да јадат, ниту да одат во тоалет.
Бидејќи мора да носат работни одела и маски за да ја намалат можноста од зарази, медицинските лица имаат рани, модринки и подливи по лицата од маските кои им се цврсто затегнати во текот на целиот ден.
