Државјани на Автралија и Сингапур се под опсервација и ќе се тестираат дали се позитивни на коронавирус. Тие сами преку хотелот повикале да бидат прегледани. Странците засега остануваат во хотелската соба. Со нив се од раните утрински часови се тројца доктори од Институтот за јавно здравје.
Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека во хотелот се две лица сомнителни на вирусот. Пристигнале од Келн, Германија и се проверуваат нивните контакти за време на престојот во земјава.
Полицијата го обезбедува хотелот. Повеќе информации се најавени за подоцна.