Со новите мерки успеавме да ја амортизираме ситуацијата и да имаме линеарен пораст на заболените.Успешно се справува, со вирусот тоа го покажува и моментот со болничките капацитети кои не се оптеретени. Сите одлуки на Владата даваат добри резултати. МЗ до Владата достави нови предлог мерки за олабавување на старите, а тоа се однесува на намалување на полицискиот час да започнува од 19 и да трае до 05 часот. За возрасните да започнува од 8 до 12, а за лицата помали од 18 години од 13 до 16 часот. За време на викендите да почне од 13 часот во сабота и да трае до 5 часот до понеделник.Задолжително да биде носење заштитна опрема при движење на затворени и отворени простории каде не може да се одржи дистанца од 2 метри, значи во банка, продавница треба да се носи маска бидејќи има повеќе лица ,не е задолжително носење маски на отворено односно при спортување каде има дистанца од 2м или возење велосипед, движење во дворно место. Маските ќе бидат задолжителни на отворено каде нема растојание од 2 метри посебно ова ќе се однесува за пазарите, изјави министерот за здраство Венко Филипче.
Поврзани објави
Филипче стравува дека есента носи поголема опасност од Ковид-19
Mинистерот за здравство Венко Филипче стравува дека есента носи поголема опасност за коронавирусот поради поголема концентрација на луѓе…
Србија ќе ни даде 8.000 вакцини од „Фајзер“
Србија ќе и даде на Македонија 8000 вакцини од производителот Фајзер. Деновиве ќе се договорат и деталите околу…
Тројца починати и 127 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. – Скопје…
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство Венко Филипче затоа што потфрлил во справувањето со панемијата на корона…