Докиќ уверува дека ќе има кревети за сите пациенти со корона

Професорот Дејан Докиќ сметам дека граѓаните не треба да се плашат дека нема да има место за сите пациенти во болниците затоа што очекува наредните две недели да се намали притисокот на болните кои бараат легла.

„Слободно јавноста нека се јави на доктор, со позитивни тестови на приватни клиники ќе ги замолам да одат во Ковид клиниките, да не се мешаат со обичните пациенти. Не може самоиницијативно да се шетаат со оние пациенти што се во чекалната“ вели Докиќ за ТВ24.

Тој предупредува дека пациентите ги игнорираат симптомите затоа што Ковид и грип се со исти симптоми, а тие не можат сами да ги разграничат.

„Плазмата од заболени (ковалесцентни) се дава кај пациенти кои се во почетна фаза на болеста, `ремдесивир` лекот не делува кај сите пациенти. Во потешки стадиуми, овој лек нема такви резултати. Нема лек за овој вирус. Најважен е имуниот одговор“ вели полмологот Докиќ за ТВ24.

Total
0
Shares
Поврзани објави