Пониски цени на горивата

Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот, кој поевтинува четири денари во согласност со новиот тарифник на Регулатoрната комисија за енергетика.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 7,76 отсто во однос на цените што важеа минатата недела.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 2,50 денара за литар и ќе изнесува 49,50 денари, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе се намали 2 денара за литар и ќе изнесува 52 денара.

Цената на „евродизел“ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денара, што е намалување од 4 денари во споредба со досегашната цена.

Екстра-лесното масло ќе се продава за цена од 30,50 денари за литар, а мазутот за 16,945 денари.

Од Регулаторната комисија информираат дека клучни фактори што влијаат на крајната цена се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Почина Колин Пауел

Колин Пауел, првиот Афроамериканец кој бил државен секретар на САД, починал на 85 години. Како што пренесува “CNN”,…
Повеќе

САЛМОНЕЛА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ – најмногу заразени деца во „Владо Тасевски“, родителите го обвинуваат училиштето дека го крие случајот!

Најмногу, пет деца се затруени со бактеријата Салмонела во основното училиште „Влада Тасевски“ во општината Карпош. Како што…