Татко и син загинаа во тешка сообраќајка кај Страцин

Две лица го загубија животот, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09.40 часот на патот Куманово – Крива Паланка, на место викано „Чешмиче“, пред с.Страцин.

Од МВР информираат дека сообраќајката се случила помеѓу „Фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од с.Железница и „Фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

-Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од с.Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал, велат од полицијата.

Неофицијално, починатите лица се татко и син.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…