Напуштеното бебе кое беше оставено во Битола пред домот за доенчиња е дете на малолетна тетовчанка потврдија од полицијата. Мајката наскоро ке наполни 18 години. Напуштеното новороденче е во одлична здравствена состојба, јаде, спие и напредува потврдија од Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Детето било однесено на преглед на Детското одделение во болницата, каде и првично било прегледано и е констатирано е дека бебето е во одлична здравствена состојба и напредува.
До мајката и двајцата мажи кои и помогнале да се ослободи од детето полицијата дошла по првичните сомневања според штипката на папочната врвца на бебето. Сината штипката на папочната врвца бил првиот заклучок за истрагата дека бебето не се родило во Битола, бидејќи во оваа болница се користат бели штипка за папочната врвца кај новороденчињата. Се претпоставуваше дека можеби е од Прилеп, но по прегледувањето на документацијата во болницата и оваа можност отпадна. Полицијата неколку дена ги прегледувала сите снимки од околни објекти околу домот за доенчиња. На снимката се гледа автомобил како застанува пред домот и двајца мажи го даваат детето на минувач. Истрагата ја доведе полицијата до тетовската болница. Во моментов се расчистува коплетно случајот и се очекува пријави против сите инволвирани.
Поврзани објави
Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам
Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови…
Билтен вести: Малолетничка украла бебе од Клиника, родител претепал професор
Професор во Спортската гимназија „Методија Митевски -Брицо” во Скопје бил истепан од татко на ученик кој бил отстранет…
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски единствен кандидат за замена на Јовески
Јавниот обвинител од ЈО на РСМ, Љупчо Коцески го пројде филтерот на Советот на јавни обвинители и доби…
Земјотрес и во Босна
Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на…