Бебе се бори за живот откако му биле скршени нозете и пукната челната коска

Бебе со скршеница на челна коска , искршени двете нозе и крварење во глава се бори за живот на КАРИЛ во СКопје, а полицијата истражува како завршило во болница со мајката која имала видливи повреди по телото.
“Вчера во 12.45 часот од Ургентен центар во полиција пријавиле дека била примена дваесетгодишна жена од Скопје со видливи повреди на телото и нејзината едногодишна ќерка со тешки повреди”, пишува во информацијата на полицијата. Mајката e од ромска етничка припадност, а таткото на бебето е во затвор.Мајката има 20 години а бебето односно ќерката една година.
Лекарите биле шокирани од повредите на бебето бидејќи санираќи ги повредите откриле дека бебето има и стари повреди и скршеници. Од КАРИЛ најмногу се загрижени за повредата на главата и внатрешното крварење.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ПРВА ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК ВО БУДНА СОСТОЈБА: Елитна оперативна постапка на екпертски тим од Клиничкиот центар на Србија врз 19-годишно момче

Експерти од Клиниката за неврохирургија и неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија извршија неколкучасовна хируршка интервенција за…