Се запалил серверот на ФЗОМ, денеска нема да се издаваат рецепти

Поради проблеми во главниот сервер на Фондот за здравствено осигурување, денеска корисниците нема да можат да добијат рецепти. Според информациите на „Република“, серверот најверојатно се запалил.

Од канцеларијата на ФЗОМ ни потврдија дека уште ноќеска настанал некаков проблем со серверот, на кој сè уште се работи. Не функционира ни главниот републички фонд, ни останатите подрачни единици.

Се работи на што побрзо решавање на проблемот, но не се знае точно кога граѓаните ќе можат повторно да извадат рецепт.

извор: republika.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Студентка стана пратеник

На псоледните парламентарни избори пратенички мандат издејствува и една студентка. Се вика Артина Ќазими и беше кандидирана во…