Македонска балерина стана дел од ансамблот на театарот „Бољшој“

Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина вработена во московскиот театар „Бољшој“.

На сцената на театарот 18-годишната Стефанија Гаштарска го имаше своето деби пред две години кога настапи во улогата на принцезата Аурора во балетот „Заспаната убавица“.

Гаштарска има завршено основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средно музичко училиште во Русија. Стефанија е првата македонска балерина која своето образование го заврши на престижната  балетска академија „Бољшој“ со најдобри оценки.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Девојка со редок и опасен карцином одбиена за помош од државата!!! “Македонијо,моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам”

Триесет и тригодишната Јана Арсовска боледува од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само еден во десет милиони.…